DamaLUFT

DamaLUFT платформа за CO2 мониторинг во просторија

Нашата DamaLUFT платформа ја мери и известува за концентрацијата на јаглероден диоксид во затворена просторија (канцеларија, сала за состаноци, чекалница, училница, ресторан, продавница, спортска вежбалница, итн), како индикација за проветреноста на просторијата. Платформата обезбедува круцијален придонес за добар квалитет на воздух во просторијата, овозможувајќи им на присутните во просторијата и на управителите со зградата да направат соодветни одлуки за проветрување на просториите. Правилно проветрена соба со ниска концентрација на CO2 обезбедува:

1) Намален ризик од COVID-19, грип и други болести кај кои вирусите се шират преку респираторни капки со аеросоли.

2) Подобар комфор за присутните во просторијата, спречувајќи главоболки и вртоглавици заради лош квалитет на воздух.

3) Подобра работна и ученичка ефикасност на присутните во просторијата, бидејќи висока концентрација на CO2 во просторијата негативно влијае врз нивната способност за носење одлуки и когнитивните способности.

Платформата се состои од сензорски уред којшто се поставува во просторијата и веб апликација поставена во Cloud. 

DamaLUFT Уред

DamaLUFT сензорскиот уред е мал уред (8cm x 10cm x 4cm) што може да се постави на ѕид или на биро во просторијата. Уредот работи на батерија и опремен е со WiFi комуникациски модул за безбедна врска преку Интернет со DamaLUFT софтверската апликација. Уредот има визуелен LED аларм кој сигнализира кога нивото на CO2 е над предефиниран праг.      

DamaLUFT софтверската апликација е веб-базирана апликација во Cloud која им овозможува на корисниците да ги отчитаат последните мерења за CO2 од сензорскиот уред, како и историските графици за нивото на CO2 во минатото. Таа исто така му овозможува на компанискиот администратор или управителот на зградата да прави софистицирани анализи споредувајќи ги CO2 отчитувањата од сите сензорски уреди, да ги открие лошо проветруваните простории и моментите кога се појавуваат најголемите вредности на CO2 концентрација. Оваа анализа може да ја прилагодат да ги отсликува работните времиња и работните денови во компанијата. Исто така во неа може да се управува со корисничките привилегии како и корисничкиот пристап до одредени сензорски уреди (по место, соба, зграда). На овој начин платформата им овозможува на корисниците да носат соодветни одлуки кога треба да се проветри одредена просторија, како и да откријат потенцијално генерички проблеми со вентилацијата во просторијата или зградата. DamaLUFT
DamaLUFT Брошура