DamaPROOF

DamaPROOF - Безбедносна платформа за инфраструктурни шахти

DamaPROOF е безбедносна платформа преку која во реално време се врши далечинска детекција на влез во инфраструктурни шахти и други простори затворени со капак, во кои не е достапно напојување од електрична мрежа.

Шахтите се значаен дел од мрежната инфраструктура кај различен вид даватели на услуги, како на пример телекомуникациски компании, компании за обезбедување вода, гас или топлинска енергија. Овие шахти се ранливи на неавторизиран пристап и вандализам, што може да резултира во големи штети за давателот на услугите и неговите клиенти (украдени кабли, оштетена мрежа, прекин на услугите, нарушен углед). 

DamaPROOF DamaPROOF

 

 

 

 

 

 

 

 

DamaPROOF платформата вклучува

  • • Алармен уред со повеќе сензори, кој работи на батерии и се инсталира во шахтата, за детекција на авторизиран и неавторизиран влез;
  • • Бежична комуникација на алармниот уред во реално време со мониторинг апликацијата во Cloud, преку која се информира персоналот да превземе соодветни акции по детектиран аларм;
  • • Апликациски поглед на статусот на шахтите (отворена/затворена/одржување) и алармите прикажани на географска мапа со локации на истите;
  • • Апликациски модул за управување со интервалите предвидени за одржување на инфраструктурата во шахтите;
  • • Детални извештаи за алармите и извршената теренска интервенција на екипите за одржување на инфраструктурата во шахтите;
  • • Далечинско ажурирање на уредите со последната верзија на софтвер и далечинско прилагодување на уредите на барањата на конкретниот корисник;

DamaPROOF