Нашата IoT Платформа е сестрана платформа за автоматизација која вклучува различни решенија што може да бидат избрани според потребите на клиентот. Платформата се состои од три главни компоненти, целосно дизајнирани, развиени и интегрирани од нашиот тим на инженери:
1) IoT уреди за прибирање сензорски податоци и управување со уреди за автоматизација. Овие уреди се засновани на различни микроконтролери и комуникациски модули (Wi-Fi, GPRS, RF, LTE, NB-IoT).
2) Целосно редундантна веб платформа за обработка и презентирање на податоци, регистрација и управување со уреди за автоматизација, извештаи и анализа на податоци.
3) Мобилни апликации за отчитување и управување со IoT уредите.
Ние ги создадовме следните IoT решенија кои ги покриваат потребите на клиентите во различни области:
DamaLUFT платформата ја мери и известува за концентрацијата на јаглероден диоксид во затворена просторија (канцеларија, сала за состаноци, чекалница, училница, ресторан, продавница, спортска вежбалница, итн). Платформата обезбедува круцијален придонес за добар квалитет на воздух во просторијата, овозможувајќи им на присутните во просторијата и на управителите со зградата да направат соодветни одлуки за проветрување на просториите.
DamaPROOF е безбедносна платформа преку која во реално време се врши далечинска детекција на влез во инфраструктурни шахти и други простори затворени со капак, во кои не е достапно напојување од електрична мрежа.
DamaPlant решението овозможува целосно управување со земјоделски стакленик, прихрана на растенијата и наводнување. Со користење на соодветни сензори, електромагнетни вентили за вода и електромотори решението обезбедува климатски услови, прихрана и наводнување на растенијата во стакленикот, контролирани од корисничките акции во апликацијата.
DamaLight овозможува паметно улично осветлување дизајнирано за енергетска ефикасност и корисничко искуство. Решението вклучува сензори и уреди кои го автоматизираат осветлувањето и го прилагодуваат на амбиенталните услови. Дополнително, решението собира и прикажува метео податоци за администраторите и за граѓаните.
DamaMatic решението обезбедува ефикасна автоматизација на различни уреди со интегрирање на сензори за мерење на квалитет на воздух и загадување, температура, воздушен притисок, како и прекинувачи за наизменична струја, електрични броила и управување со возила.
Нови IoT уреди може едноставно да се додаваат на оваа разноврсна платформа, која лесно се проширува според специфичните барања на клиентите.