Развојот на вграден софтвер ќе ви обезбеди целосна автоматизација во процесот на продукција или управување. Ние обезбедуваме програмски код кој соодветно одговара на хардверот во којшто треба да се вгради, со цел истиот да се управува или надгледува.
На овој начин му обезбедуваме на клиентот да заземе активна улога во парадигмата Industry 4.0. Исто така придонесуваме за остварувањето на широко распространет Internet of Things екосистем, кон кој цели Industry 4.0.
Експертизата и знаењето го прават нашиот тим способен целосно да ја интегрира развиената софтверска апликација, вградениот софтвер или решението во вашиот постоечки компаниски или хардверски екосистем.
Можеме да додадеме различни видови интерфејси и протоколи за ефикасна комуникација со постоечките апликации на компанијата, како што се веб сервиси, REST API, зачувани процедури.
Од друга страна, нашето искуство во работа со серверски и мемориски хардвер од различни светски производители ни овозможуваат да направиме инсталација и интеграција на едно целосно, клуч-на-рака решение за клиентот.